World News in Macedonian

Бугарија одобри нацрт програма за културна соработка со Македонија

Бугарската Влада одобри нацрт Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Македонија за периодот 2018-2021 година, соопшти бугарската владина прес-служба.


Наведено е дека нацрт-програмата ги зема предвид заемните интереси на двете земји и ги содржи сите неопходни текстови за развој на односите меѓу Бугарија и Македонија во областа на културата и ги регулира можностите за соработка во областа на театарот, литературата, уметноста, преводот и објавувањето творби на писатели од другата земја и друго. 


Културната соработка меѓу двете веќе е регулирана со Спогодбата меѓу владите на двете земји, потпишана во Скопје на 15 мај 2000 година, како и во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од февруари 2018 година.

Читайте на сайте