World News in Macedonian

Градоначалниците Срби од Косово бараат Вучиќ да не се откажува од нив

Градоначалниците на општините со мнозинско српско население во Косово, во отворено писмо до претседателот на Србија Александар Вучиќ, побараа од него да не се откажува од Косово и, посебно, од спасувањето на северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.


Градоначалниците Срби на десетте косовски општини му порачуваат на Вучиќ дека се свесни за неговите напори за постигнување договор и дека со нетрпение ја очекуваат неговата посета на северно Косово, која тој најави дека ќе ја реализира идниот месец.


„Ве повикуваме да продолжите со вашата мисија за спасување на северот на Косово, како и на сето она што може да се спаси од канџите на Приштина“, се вели во отвореното писмо на градоначалниците од редовите на Српската листа, која е дел од владејачката коалиција во Косово и партиципира во Владата на Рамуш Харадинај. 

Читайте на сайте