World News in Macedonian

Талибанците се повлекуваат од договорот со Црвената полумесечина

Талибанците се повлекуваат од договорот со Меѓународниот комитет на Црвената полумесечина со кој се гарантира безбедност за работниците на меѓународната организација во Авганистан.


Во изјавата на талибанците објавена денеска тие ја обвинуваат меѓународната организација дека не ги исполнила своите обврски да им помогне на талибанските затвореници кои штрајкуваат со глад во главниот затвор во Кабул.


Портпаролката на Црвената полумесечина, Андреа Ката Прета, рече дека се во контакт со милитантите и се надеваат дека ќе се најде решение, за да може хуманитарната организација да продолжи со работа во земјата.


Талибанците велат дека ќе го обноват договорот за безбедност на хуманитарните работници, само откако Црвената полумесечина ќе преземе чекори.


Меѓународната организација е активна во Авганистан уште од 1980 година, а сега во земјата има околу 1.600 вработени.

Читайте на сайте