Мите Стефоски: Струшки вечери на поезијата не може да „игра“ во општинска лига!
Со буџет помал за триесет отсто од минатите изданија, фестивалот Струшки вечери на поезијата годинава одвај ќе го одржува светското ниво што веќе го има постигнато, а помалку добиените средства од државата несомнено ќе се одразат не само на издавачката продукција туку во прашање ќе биде доведена и организацијата на зимскиот поетски фестивал планиран за ноември.