World News in Macedonian

Рама домаќин на колегите од регионот

Премиерите на земјите од регионот ќе се сретнат во албанскиот пристанишен град Драч, на 27 август. Албанскиот премиер Еди Рама во владината вила ќе им биде домаќин на своите колеги од Македонија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Хрватска, Косово и Србија.


На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Европската унија, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти поттикнати од берлинскиот процес.


Средбата ќе биде со идентичен формат, како и првата средба одржана исто така во Драч на 26 август минатата година, а на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев.




 

Читайте на сайте