World News in Macedonian

САД се закануваат со нови санкции против Турција

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп соопшти дека против Турција би можело да бидат воведени нови санкции ако американскиот свештеник Ендрју Брансон не биде наскоро ослободен. Тој е упасен во 2016 година под обвинување за шпионажа и давање поддршка на терористите. Тој ги негира обвинувањата дека и помагал на групата која Анкара ја товари за обид за државен удар. Односите меѓу Вашингтон и Анкара се напнати и поради други спорови како што е американската подршка на сириските бунтовници и одбивањето на САД да и го израчаат на Турција свештеникот Фетулах Ѓулен кој Турција го смета за одговорен за обидот за пуч во 2016 година.

Читайте на сайте