World News in Macedonian

Судот во Турција одби да го ослободи американскиот свештеник

Високиот  суд во Турција денеска ја одби жалбата за ослободување на американскиот свештеник Ендру Брансон од домашен притвор, јавија турски медиуми.


По објавувањето на таа вест во Турција, лирата која загуби 40 отсто од почетокот на годината, намали вредност под 6,21 за долар од претходните 6,04 лири за долар.


Судот  во Измир пред два дена исто така одби жалба за негово ослободување поднесена од адвокатот на свештеникот.


Брансон (50) е главна причина за дипломатски спор меѓу САД и Турција поради што САД воведоа санкции и замрзнаа имот на двајца турски министри, но и се зголемени  царините  за увоз на челик и алуминиум од Турција. Турција одговори со воведување двојно повисоки царини за производи од САД.

Читайте на сайте