World News in Macedonian

Во Албанија откриени 27 тони бразилско месо со салмонела

Албанската Национална агенција за храна во пристанишниот град Драч, блокираше увоз на 27 тони пилешко месо, објавија новинските агенции, повикувајќи се на информациите во локалните медиуми.


Од месото, кое е потекло од Бразил, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено големо присуство на салмонела.

Контејнерот во кој било сместено месото бил вратен во земјата на потекло.


Во изминатиот перидот од годинава Агенцијата блокираше и врати назад седум контејнери или вкупно 180 тони месо. Од Бразил годинава во Албанија увезени се 259 контејнери со месо и сите се контролирани и анализирани.

Читайте на сайте