World News in Macedonian

ДУИ ја повика дијаспората да излезе на референдумот

Дијаспората да го искористи правото на глас, регистрирајќи се да стане дел на изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија, повика ДУИ преку партиско соопштение.


„Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август“, соопштија од ДУИ, од каде додаваат дека сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспора, да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30-ти септември.

Читайте на сайте