World News in Macedonian

Димитров на средба со Помпео во Вашингтон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон. Димитров на покана на Помпео од денеска до 22 август ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, соопшти МНР.  


Од Министерството наведуваат дека покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидено е Димитров да одржи средби и со високи претставници на американската администрација - Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон.

Читайте на сайте