World News in Macedonian

Иран повика на забрзување на напорите за спасување на нуклеарниот договор

Иран ги повика ЕУ, Русија и Кина да ги забрзаат нивните напори за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и светските сили, откако од договорот се повлече американскиот претседател Доналд Трамп.


Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Касеми денеска изјави дека ЕУ, Русија и Кина се обидуваат да го спасат договорот, но оти процесот бил бавен и треба да се забрза.


„Иран се потпира главно на сопствените капацитети за надминување на новите американски санкции“, рече Касеми.


Трите потписници на договорот, Британија, Франција и Британија прават напори да обезбедат доволно економски бенефит за Иран за да го убеди да продолжи со исполнување на своите обврски од договорот и покрај повлекувањето на САД.


Договорот бара Иран да ги ограничи своите нуклеарни активности во замена за ослободување од меѓународните санкции.

Читайте на сайте