World News in Macedonian

Граѓански здруженија бараат отпис на долгови за комунални услуги

Неколку граѓански здруженија денеска поднесоа Предлог закон со кој бараат отпишување на долговите за комунални услуги за физичките лица почнувајќи до 31 декември 2014 година.


Предлагачи се Конфедерацијата на синдикални организации и здруженијата „Човекот над профитот“, „Но пасаран“, и „Гласен текстилец“, според кои над 85 илјади семејства плаќаат застарени долгови кои воопшто не треба да ги плаќаат.


Претставниците на здруженијата рекоа дека на овој начин би го олесниле буџетот на граѓаните, дека ќе се забрза платниот промет во земјата, а луѓето ќе можат да размислуваат за редовно плаќање на долговите.


Тие рекоа дека не се согласуваат со законското решение што го предложија неколку пратеници со кое се предвидува отпис на каматите на наплата на долговите за кои има правосилна судска одлука или решение за извршување.

Читайте на сайте