World News in Macedonian

Убиени двајца напаѓачи во Чеченија

Властите во рускиот регион Чеченија соопштија дека полицијата убила двајца мажи кои со ножеви сакале да повредат двајца полицајци. Чеченското министерство за внатрешни работи наведе дека напаѓачите биле убиени денеска околу 10 часот во областа Шали.


Инцидентот се случи во услови на серија напади против полицијата во регионот на Северен Кавказ.


Во меѓувреме, во Грозни денеска тинејџер со автомобил удрил група полицајци, при што повредил двајца. Во непотврдени извештаи од локални медиуми се вели дека полицијата го убила возачот по инцидентот.


Властите го идентификуваа возачот како Али Ахматханов – 17-годишен, брат на Кизир Ахматханов кој беше осуден за вмешаност во терористички напад во чеченскиот град Гудермес во 2001 година.

Читайте на сайте