World News in Macedonian

Уапсени двајца мажи поради нападот врз Амбасадата на САД во Анкара

Турските безбедносни сили денеска приведоа две лица осомничени за нападот врз Амбасадата на САД во Анкара. Шест истрели утрово беа испукани врз Амбасадата на САД од возило во движење. Три куршуми ја погодиле капијата и прозорец од Амбасадата. Во инцидентот никој не е повреден. Полицијата го пронајде и автомобилот со кој беше извршен нападот. Според турската телевизија НТВ, напаѓачите се двајца мажи на возраст од 38 и 39 години. Кај едниот од нив е пронајдени и пиштол, од кој е пукано врз Амбасадата. Приведените признале дека учествувале во инцидентот. Полицијата ги засили безбедносните мерки за амбасадите во Анкара веднаш по инцидентот.


Претходно, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин го осуди инцидентот, нагласувајќи дека нападот врз Амбасадата на САД е обид да се создаде хаос. 

Читайте на сайте