World News in Macedonian

Парламентот ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот

Собранието ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот на 30 септември и водење на јавна кампања, со кое ќе раководи претседателот на Парламентот Талат Џафери, се вели во заклучоците донесени на денешната координативна средба на Џафери со првите луѓе на пратеничките групи, потпретседателите на Собранието и претставник на Владата.


Членови на Координативното тело ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи и како што информираат, Собранието ќе им даде можност на сите пратеници кои се „за“, „против“ или за „бојкот“ на референдумот, пропорционално според изјаснувањето да бидат застапени и да можат да ги изразат своите ставови и аргументи пред јавноста.


Собранието исто така денеска со допис ќе се обрати до Владата од каде ќе побара средства за спроведување на јавната кампања, за што ќе отвори посебна сметка.


На денешната координација не присуствуваше претставник на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ. Од кабинетот на Џафери посочуваат дека тој денеска ќе контактира со нив за постигнување можен договор за водење јавна пропаганда за референдумот. 

Читайте на сайте