World News in Macedonian

Харадинај му наложувал на специјалниот обвинител како да води истрага

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му давал упатства на специјалниот обвинител Елез Бљакај, кој си даде оставка, како да ја води истрагата за лажните воени ветереани и барал од него да му поднесе извештај за резултатите од истата, објавиле денеска косовските медиуми, јави дописникот на МИА од Приштина.


Во писмото кое го објавуваат медиумите се гледало дека на29 септември минатата година, Харадинај му наложувал на Бљакај истрагата да не трае подолго од 30 дена и потоа обвинителот да го извести премиерот за резултатот од истрагата и за неговите заклучоци.


Обвинителот на Специјалното обвинителство минатата недела, откако отпатува на специјализација во Вашингтон, со стипендија на Aмериканската амбасада, поднесе оставка од функцијата во Косово и објави дека бил под големи притисоци од политичките фактори во земјата, меѓу кои и од државниот обвинител Александар Љумези.

Читайте на сайте