World News in Macedonian

Пратениците треба да се изјаснат за кампањата за референдумот

Претседателот на Собранието Талат Џафери побарал од пратеничките групи во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието. Пратеничките групи треба да се изјаснат и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.


Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.


Џафери ги информирал пратениците дека по барање на Собранието, Владата на вчерашната седница донела одлука и одобрила да му се обезбедат средства на Парламентот во висина од 80 милиони денари.


Собранието формираше Координативно тело за спроведување на референдумот и водење јавна кампања. Со него ќе раководи Џафери, а членови се потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи.

Читайте на сайте