World News in Macedonian

Престрелки во Украина, најмалку четворица војници загинале

Најмалку четворица украински војници загинале, а седум други се повредени во судирите со сепаратистите во источна Украина, кои се поддржани од Русија, соопштија денеска украинските власти.


Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ова е најголема загуба на војници во последните неколку месеци. Војниците загинале во престрелките кои траеле околу пет часа.


Украински официјални лица и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат за тоа кој прв почнал да пука.

Читайте на сайте