World News in Macedonian

Собранието нема поединечно да дели средства за референдумската кампања

Водењето јавна кампања не подразбира дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво, соопшти  службата за информирање на Собранието.


Службата наведува дека ова е појаснувањето по допис што денеска испратил пратеник до претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, во кој го известува дека ќе учествува во јавната кампања за претстојниот референдум и оти бара да му се обезбедат средства за таа намена.


Во соопштението стои дека претседателот на Собранието Џафери вчера упатил известување до пратеничките групи и до пратениците кои не се организирани во пратенички групи, во рок од три дена да го известат дали ќе учествуваат во јавната кампања и каков ќе биде нивниот став по референдумското прашање „за“ или „ против“.


Денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски до Собранието испрати известување ќе земе учество во јавната пропаганда за претстојниот референдум со бојкотирачки став. 


„Јас Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда за претстојниот референдум со бојкотирачки став, бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин и истата е во согласност со демократските традиции на Република Македонија од 2004 година и согласно кодексот на Венецијанската комисија при Советот на Европа од 2007 година“, вели Милошоски во известувањето.   

Читайте на сайте