World News in Macedonian

Сенаторот Мекејн го прекина лекувањето од рак на мозокот

Американскиот сенатор Џон Мекејн го прекинува медицинскиот третман за ракот на мозокот, соопшти неговото семејство, објавија светските новински агенции.


Во соопштението од семејството на сенаторот се вели дека Мекејн „ги надминал очекувањата за тоа колку долго ќе живее“. Проценките за болеста и за тоа колку долго може да живее со болеста беа направени лани во јули, кога почна и медицинскиот третман на сенаторот.


„Напредувањето на болеста и незапирливото стареење го сторија своето. Со својата вообичаена сила на волјата, тој одлучи да го прекине медицинскиот третман“, се вели во соопштението на семејството Мекејн.

Читайте на сайте