World News in Macedonian

Претседателството на Косово за состанокот во Виена

Од претседателство на Косово соопштија дека австрискиот канцелар Себастијан Курц беше домаќин на денешниот состанок во Виена, на кој присуствуваа претседателот на Косово Хашим Тачи, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на ЕУ за проширување Јоханес Хан.


На средбата се зборуваше за дијалогот на Косово и Србија, додека Куртц ги охрабри двете страни да продолжат со напорите за постигнување на договорот.


"Постигнувањето на спогодбата е главен предуслов за членство на двете  држави во ЕУ. Австрија поддржува дијалог и постигнување на спогодби, како и интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ", рече Курц.


Тачи изјавил дека поддршката на Австрија и другите земји-членки на ЕУ, како и на САД, за решавањето на договорите се решавачки во финалната фаза на "тешкиот, но неопходен дијалог".


Курц изјавил дека при претседавањето на Австрија со ЕУ главен приоритет ќе бидат политиката на проширувањето и добрососедството, како и безбедноста и миграцијата.

Читайте на сайте