World News in Macedonian

Возрасната граница за пензионирање нема да се поместува

Од  Министерството за труд и социјална политика велат дека нивниот фокус  е заштита на идните пензионери и намалување на дефицитот во ПИОМ.


Министерката Мила Царовска го повтори сатвот  дека возрасната граница за пензионирање нема да се поместува , во одговор на новинарско прашање до каде е реформата што се најавувала за решавање на финансискиот дефицит во ПИОМ.


"Се додека немаме конечна позиција нема да излеземе во јавност. Важно е да се напомене дека и сегашните пензионери се безбедни. Пензии имаме, исплатата на пензии е редовна. Двапати годишно како што ветивме така и правиме, ги усогласуваме пензиите со трошоците за живот и растот на плати, и токму затоа има и постојан раст на пензиите, посочи Царовска. 

Читайте на сайте