World News in Macedonian

Заев го откажа учеството на неформалната средба во Драч

На неформалниот состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан, што денеска се одржува во албанскиот град Драч на тема „регионални економски интеграции“, не присуствуваат премиерите на Македонија, Србија и на Босна и Херцеговина.


Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутрината не отпатува за Драч поради лошите временски услови, соопшти владината прес-служба, додека српската премиерка Ана Брнабиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Дениз Звиздиќ, претходно најавија дека нема да присуствуваат на собирот.  


И бугарскиот премиер Бојко Борисов претходно ја откажа посетата на Драч, поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а давесеттина се повредени. 


На состанокот во Драч домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, а поканети се еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти.


 


 




 

Читайте на сайте