World News in Macedonian

Протест во Џаковица против Србите кои чествуваат Голема Богородица

Албанците во Ѓаковица во западно Косово почнаа протест против најавеното доаѓање на иселените Срби кои по повод празникот Успение на Пресвета Богородица доаѓаат да го посетат локалниот православен манастир и нивните домови, јавува МИА. 


Граѓаните протестираат со паролите „Нема мир без правда“ и „Крвта на албанските деца убиени од Србите не се простува“. На протестот се присутни бројни полициски сили.


Здружението „Повик на мајките“ од Ѓаковица кое се приклучи на протестот, во отворено писмо побара од косовскиот претседател Хашим Тачи да го забрани доаѓањето на срспките верници.


Основачката на Фондот за хуманитарно право од Белград Наташа Кандиќ, пак, исто така му се обрати на Тачи со отворено писмо во кое го повика да им овозможи на Србите од Ѓаковица да го посетат манастирот.


Во одговорот што го објави на Фејсбук, Тачи напиша дека „во денешно време е непојмливо и неприфатливо некој да ги крши основните права и да не им дозволува на српските граѓани да ги посетуваат верските објекти, било во Ѓаковица, или каде и да е друго во Косово“.


Тој вети дека ќе го употреби сиот свој авторитет за да им овозможи на српските аџии, кои минатата година беа спречени во нивната намера, годинава да го посетат манастирот во Ѓаковица. 

Читайте на сайте