World News in Macedonian

Димитров во посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе се сретне со заменик генералниот секретар на НАТО Роуз Готемолер, на која е предвидено да разменат информации за актуелната соработка меѓу Република Македонија и Алијансата, како и за подготовките што Македонија ги презема во рамките на пристапниот процес за членство на земјата во НАТО, соопшти МНР.


Димитров утре ќе има обраќање пред Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент, при што ќе информира за актуелните подготовки за одржување на референдумот, текот на имплементацијата на клучните реформи во земјата од страна на Владата и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија, со цел на краток рок да се отвори патот за почнување на пристапните преговори. Димитров ќе оствари и повеќе средби со пратеници на ЕП.

Читайте на сайте