World News in Macedonian

Симната статуа на Ердоган во германскиот град Висбаден

Златна статуа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган која беше поставена на фестивал во германскиот град Висбаден, беше симната откако властите соопштија дека претставува безбедносен ризик.


Организаторите на фестивалот, чија тема е „Лоши вести“ ја подигнаа 4-метарската статуа на Ердоган со една испружена рака, на столбот на централниот плоштад Висбаден на 27 август.


Властите соопштија дека оттогаш таа станала магнет за про и анти говори за Ердоган и оти предизвикува конфликт.


Статуата, која потсетува на онаа на Садам Хусеин која беше соборена во 2003 година од американските сили во Багдад, беше испишана со графити, вклучително и слоганот „Турски Хитлер“, а неколку стотици луѓе протестираа против него.


Полицијата соопшти дека веќе не може да ја гарантира безбедноста на луѓето, а пожарникарите искористија голем кран за да денеска да ја симнат статуата.

Читайте на сайте