World News in Macedonian

Тачи ги обвини противниците на неговите планови со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук ја обвини опозицијата и дел од невладините организации во земјата, дека се злонамерни кон подршката на Косово од нејзините сојузници. Тој пишува дека противењето на опозицијата и на невладините на неговите најави за корекција на границите е „опасна и срамна“.


Тој повторно се заложи за референдум на кој косовските граѓани ќе кажат, како што рече, „дали се за мировен договор со Србија, кој на Косово ќе му обезбеди зачленување во ЕУ, НАТО и ОН, или сакаат да живеат во непријателство со соседните држави и во изолација“.


Косовската опозиција се обедини во иницијативата за вонредна собраниска седница, која ќе се одржи на 4. септември, со цел да се донесе резолуција со која на косовскиот претседател или на кој било друг ќе му се забрани да преговара за територијалниот интегритет на Косово.

Читайте на сайте