World News in Macedonian

Донесена национална структура за зачленување во НАТО

Владата на денешната седница го усвои Концептот на националната структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО. Националниот координатор на Македонија за НАТО, Стево Пендаровски, денеска на прес-конференција соопшти дека во националната структура има три дела. На највисоко политичко ниво ќе има Комитет за интеграција во НАТО, второто тело е Работен комитет за интеграција во НАТО, а третото тело е Секретаријат за Оперативен логистички план.


„Во Комитетот за интеграција ќе бидат претставници од сите тела, органи и институции кои имаат каква било поврзаност со НАТО-интеграцијата“, рече Пендаровски и додаде дека ова тело ќе го предводи премиерот Зоран Заев.


Второто тело, односно Работниот комитет, како што појасни Пендаровски, ќе ги спроведува одлуките на Политичкиот комитет за интеграции.


Пендаровски рече дека третото тело е Секретаријатот на целиот тим кој ќе биде надлежен за оперативна логистичка поддршка на Работниот комитет за интеграција во НАТО.

Читайте на сайте