World News in Macedonian

Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од СТО

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од Светската трговска организација (СТО), нарекувајќи го меѓународниот договор со телото „единствениот најлош трговски договор што некогаш бил направен.“ Зборувајќи на 30 август во интервју за „Блумберг“, Трамп ја обвини СТО за лошо постапување со САД.


Во Москва, руското Министерство за економија денеска соопшти дека САД ќе страдаат економски од „непочитувањето на правилата“ во трговските спорови со кои се занимава СТО.


Заканите на Трамп дека ќе се повлече од СТО следат по сличните коментари дадени во јули, кога ги повика властите на телото со седиште во Женева „да ги променат своите начини.“


„Ако тие не се променат, јас ќе се повлечам од СТО“, изјави Трамп.

Читайте на сайте