World News in Macedonian

Загинаа петмина полицајци во експлозија во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека во експлозија на бомба покрај пат, загинале пет гранични полицајци и тројца биле повредени во источната провинција Нангахар.


Атула Хогијани – портпаролот на провинцискиот гувернер на Нангахар, за РСЕ изјави дека во возилото биле полициските службеници кога бомбата била активирана во областа Михманд Дара во Нангахар.


Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во денешно соопштение. Таа тврди дека имало две бомби – првата дека уништило полициско возило и втора експлозивна направа која била детонирана меѓу авганистанските безбедносни сили кои пристигнале по првата експлозија.


Во соопштението исто така се тврди дека милитантите на ИД убиле лидер на провладината милиција во областа Ачин.

Читайте на сайте