World News in Macedonian

Приведен осомничен за вчерашното убиство во Велгошти

Охридската полиција информираше дека жител на охрид бил приведен под сомнение за вчерашното убиство на жената од Велгошти. Осомничениот бил приведен доцна синоќа во Струга.


Вчера попладне, во полициската станица Охрид било добиено телефонско известување дека е пронајдено мртво тело на жена, по што било утврдено дека се работи за 47-годишната Б.П..


Безживотното тело на жената го пронашле соседите во нејзиниот дом во селото Велгошти, каде што живеела сама. Според Јавното обвинителство, на телото биле видливи траги на насилство.

Читайте на сайте