World News in Macedonian

Двајца новинари на Ројтерс осудени на седум години затвор во Бурма

Судија во Бурма прогласи за виновни двајца новинари на Ројтерс за прекршување на законот за државни тајни и ги осуди на седум години затвор, пресуда која доведе до меѓународна осуда како напад врз слободата на медиумите.


Судијата Ји Лвин денеска пресуди дека 32-годишниот новинар Ва Лон и неговиот колега 28-годишниот Кјав Сое го прекршиле законот за службени тајни за добиени доверливи документи додека известувале за кризата со муслиманското малцинство Рохинџа во Бурма, исто така позната и како Мјанмар.


„Јас не се плашам“, рече Ва Лон по пресудата: „не сум сторил ништо лошо, верувам во правда, демократија и слобода.“


Во соопштение објавено веднаш по пресудата, главниот уредник на Ројтерс Стивен Адлер рече: „денеска е тажен ден за Мјанмар, за новинарите на Ројтерс и за печатот. Тој додаде дека двајцата новинари се невини и дека пресудата мора веднаш да се корегира од Владата на Бурма.


Американскиот амбасадор во Мјанмар Скот Марсил ја осуди пресудата, велејќи дека е „длабоко вознемирувачка“ за новинарите и слободата на медиумите.

Читайте на сайте