World News in Macedonian

Приштина му одобри на Вучиќ влез во Косово

Косовското Министерство за надворешни работи потврди дека му издало дозвола на претседателот на Србија Александар Вучиќ за викендов да го посети Косово. 


Јетлир Зиберај - советник на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, изјави дека на српскиот претседател му е издадена дозвола за влез во Косово.


„Вучиќ согласно процедурите побара дозвола за влез во Косово и барањето му е одобрено, изјави Зиберај.


Според најавите, претседателот на Србија ќе престојува во Косово на 8-9 септември, ден по состанокот со неговиот косовски колега Хашим Тачи што ќе се одржи во Брисел во рамките на преговорите за нормализација на односите меѓу двете држави.

Читайте на сайте