World News in Macedonian

Израел гради одбранбен ѕид на границата со Либан

Израел гради одбранбен ѕид од девет метри на северната граница со Либан за да ги спречи нападите од шиитското движење Хезболах. Самиот ѕид е висок седум метри, а бодликава жица е на врвот. Според висок израелски функционер, главната закана на Хезболах се ракети и нападите во Израел. Израел во 2006 година ја почна 33-дневната војна против Хезболах, а борбите се водеа низ територијата на Либан. Оттогаш двете страни одржуваат несигурно примирје. Согласно планот на Израел, во следните две години со ѕид ќе бидат опфатени сите 130 километри граница со Либан, а проектот ќе чини околу 406 милиони евра.


 

Читайте на сайте