World News in Macedonian

Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ погодена од голем хакерски напад

„Бритиш ервејст“ објави дека хакери направиле упад во нивните податоци и украле информации за кредитни картички на околу 380.000 клиенти. Авиокомпанијата денеска соопшти дека при нападот, кој траел речиси две недели, не биле компромитирани информации за патувања или пасоши.


Извршниот директор на „Бритиш ервејс“ се извини поради излевањето на податоците, наведувајќи дека тоа е најлошото нарушување на безбедноста на компанијата во последните 20 години.


Упадот од страна на непознати хакери се случил меѓу 21 август и 5 септември, наведува авиокомпанијата, советувајќи ги клиентите кои сметаат дека би можеле да бидат засегнати, да ги контактираат нивните даватели на кредитните картички и да ги следат нивните инструкции.


Британската Национална агенција за криминал соопшти дека се свесни за инцидентот и оти „работат со нивните партнери за да го проценат најдобриот чекор за акција.“

Читайте на сайте