World News in Macedonian

Меркел - Заев: Референдумот е историска шанса, немојте да останете дома

Охрабрени сме да го направиме вистинскиот чекор на претстојниот референдум. Оваа посета на германската канцеларка Ангела Меркел, симболично на Денот на нашата независност и пред референдумот, е силна порака за нас. Охрабрени сме да го направиме вистинскиот чекор, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со канцеларката Ангела Меркел, по нивната едночасовна средба.


Германската канцеларка го честиташе Денот на независноста и ги повика македонските граѓани да мислат на својата иднина.


„Сакаме да имаме и поинтензивна врска меѓу земјите. Сојузната влада и јас се залагаме за продлабочување на врските. Референдумот е отворање на портите за вашата земја за влез во ЕУ и НАТО. Потребно е уште многу работа, но предуслов е успешен референдум. 30 септември е историска шанса и немојте да останете дома. Искоирстете ја демократската можност да го кажете она што го мислите за инднината на вашата земја“, рече Меркел на заедничката прес-конференција со премиерот Заев.


Меркел, на денешната нејзина прва официјална посета на Македонија, потврди дека е испратен и советник за економски прашања  за поддршка на реформите во Македонија.

Читайте на сайте