World News in Macedonian

Потврдени 75 смртни казни во Египет, меѓу нив и за лидери на Муслиманско братство

Суд во Каиро денеска потврди 75 смртни пресуди, меѓу кои и за лидери на Муслиманско братство во врска со демонстрациите во поддршка на претседателот Мохамед Морси во 2013 година.


Тоа е најголем број смртни пресуди произнесени за едно дело. Одлуката беше донесена на 28 јули. Четириесет и четворица беа во судницата, а 31 се осудени во отсуство.


По соборувањето од власт на 3 јули 2013 година на Мохамед Морси, првиот демократски избран претседател во Египет, државата беше зафатена од бран насилства со месеци.

Читайте на сайте