World News in Macedonian

Десет повредени во сообраќајна несреќа кај Долно Палчиште

Десет лица се повредени од кои едно со потешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14.30 часот на регионалниот пат Пирок - Тетово кај селото Долно Палчиште, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.


Во несреќата учествувале две возила со тетовски регистарски таблички, Форд транзит што го управувал З.М.(49) од Боговиње и Мицубиши Пајеро што го управувал Н.А.(36).


Во сообраќајката возачот на Пајерото Н.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во тетовската Клиничка болница како итен случај бил префрлен на скопските клиники.


Возачот на Фордот З.М. и уште осум патници што се превезувале во комбето се здобиле со полесни повреди.


Увид на местото од несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово и се работи на утврдување на поединостите, причините и материјалната штета во оваа сообраќајна несреќа.

Читайте на сайте