World News in Macedonian

Коѕијас оптимист дека Договорот од Преспа ќе биде одобрен

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас уште еднаш го поздрави договорот за името со кој на Македонија и се отвора патот за зачленување во НАТО и Европската унија. „Историјата треба да е школо, а не затвор. Овој договор не носи надвор од затворот“, изјави Коѕијас по средбата со шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Атина. Германскиот министер Мас оцени дека договорот претставува историска можност. „Се надевам дека овој историски договор ќе биде спроведен“, рече тој.

Читайте на сайте