World News in Macedonian

ДИК ќе ги разгледува барањата за набљудување на референдумот

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледаат барања за добивање овластувања за набљудување на референдумот на 30 септември.


Барања се поднесени од Шведската национална телевизија, СВС Вести - Австралија, Новинската агенција Блумберг Њуз - Велика Британија, Руската државна новинска агенција РИА, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Австриската радио телевизија, Продуцентската куќа Вијс - САД, Асошиејтед Прес, ОБСЕ ОДИХР (надополнување), Амбасатадата на Франција, Ал Џезира - Англиски јазик и Ал Џезира - Балкан.


Членовите на ДИК треба ги рзгледаат и предлог решенијата за ставање вон употреба на печати користени од избирачки одбори, предлог-одлуката за утврдување на обликот на 39 печати со број на избирачко место кои ги користат избирачките одбори, а кои се ставени вон употреба, Предлог записник за собирање податоци за одзив на гласачи по основ на пол, како и информација од одржаните работни состаноци на ДИК.

Читайте на сайте