Напад за време на воена парада во Иран
Во напад за време на воена парада во Иран, најмалку тројца луѓе загинале, а 20 се повредени. Државните медиуми објавија дека напаѓачите отвориле оган на воената парада, која се одржувала во југозападниот град Ахваз.
Има конфликтни извештаи за бројот на жртви. Официјалната новинска агенција ИРНА објави дека три лица загинале, вклучувајќи и двајца напаѓачи. Полуофицијалната новинска агенција Тасним јави дека најмалку осум членови на елитната револуционерна гарда биле убиени. Засега никој не презеде одговорност за нападот.