World News in Macedonian

Протести против пензиската реформа на Путин

Низ цела Русија се одржуваат протести против владините планови за зголемување на возраста за пензионирање за пет години. На протестот во Москва организиран од страна на Комунистичката партија и други левичарски групи, присуствуваа илјадници луѓе. Според полицијата имало околу 3.000, а според организаторите околу 20 илјади луѓе


Протестите имало и во други градови во Русија, повеќето од нив биле санкционирани од страна на властите.


Планот на владата, жените да одат во пензија со навршени 60 години, а мажите со 65, предизвика контроверзии во јавноста.


Постарите Руси се загрижени дека нема да живеат доволно долго за да земат пензија. Помладите Руси, пак, се плашат дека ако возрасните работат подолго, тоа ќе им ги намали шансите да најдат работа.

Читайте на сайте