World News in Macedonian

Европската Комисија поднесе тужба против Полска

Европската комисија поднесе тужба против Полска пред Судот на ЕУ поради „прекршување на начелото за независност на судската власт“. Еврокомисијата бара од Судот да издаде времени мерки против Полска до донесувањето на конечното решение по тужбата, со која се бара Варшава да одговара поради усвојувањето на Законот за Врховниот суд. Според Комисијата, измените на Законот не се во согласност со барањата и препораките на ЕУ. Со Законот се намалува старосната граница за пензионирање на судиите во Врховниот суд од 70 на 65 години, со што 27 од 72-цата судии треба да заминат во пензија. Новите одредби за пензионирање во Законот го засегаат и актуелниот претседател на Врховниот суд, кој би требало да замине во пензија пред истекот на неговиот шестгодишен мандат. Европската комисија бара од Судот на ЕУ да се произнесе по тужбата во најскоро можно време.

Читайте на сайте