World News in Macedonian

Укинати ограничувањата за подигнување готовина од банкомати во Грција

Со одлука на Министерството за финансии на Грција од 1 октомври без ограничувања ќе може да се подигнуваат готовина од банкоматите во земјата, со што по повеќе од три години се укинува ограничувањето за подигнување готовина, воведено со мерките за контрола на капиталот.


Одлуката од грчкото Министерство ќе биде објавена во Службен весник. Таа се однесува на измени на ограничувањата во два конкретни случаи: секаков вид на подигнувања готовина без ограничување и движење на капитал во внатрешноста на земјата, додека пак во следниот период се очекува комплетно да бидат укинати ограничувањата за пренесување капитал во странство.


Ограничувањата за подигање готовина беа воведени на 29 јуни 2015, кога дневниот дозволен износ за Грците беше 60 евра. Со текот на времето, како што се подобруваше финанската состојба на земјата, се воведуваа олеснувања, а сега граѓаните нема да имаат никакви ограничувања за подигнување готовина од банкоматите.

Читайте на сайте