World News in Macedonian

Иран: убиени четири милитанти на границата со Пакистан

Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГ) соопшти дека нивните припадници убиле четири милитанти на граничниот премин Сараван, во близина на Пакистан во југоисточната провинција Систан-Балучистан.


Во соопштение објавено денеска на државните ирански медиуми, ИРГ наведува дека „иранските сили убиле четири терористи и раниле двајца.“


„Другите припадници на терористичката група избегаа во соседната земја“, се вели во соопштението во кое се додава дека групата била поврзана со „арогантна светска сила.“


Иранските безбедносни сили често се судираат со милитанти и дилери на дрога во провинцијата Систан-Балучистан. Провинцијата е дел од голема рута за криумчарење на авганистанскиот опиум и хероин.


ИРГ предупреди дека ќе се спротивстави на секој обид на терористичките групи финансирани од „странски шпионски агенции“ за создавање нестабилност во земјата.

Читайте на сайте