Вучиќ во Кремљ на 2 октомври
Српските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори во Москва информираат дека српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 октомври во Кремљ ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.
Според овие информации, двајцата претседатели по разговорите нема да даваат изјави за медиумите, што досега, според бројните меѓусебни средби беше правило, а не се најавени ниту темите на разговорите. Вучиќ и Путин последна средба имаа во мај годинава, за време на Воената парада во Москва.
Рускиот амбасадор во Белград Алекандар Чепурин, при неодамнешната средба со Вучиќ, истакна дека оваа посета ќе се одржи во важен надворешно-политички момент за Србија и за Русија.