World News in Macedonian

Дескоска на средба со еврокомесарката за правда Јурова

Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Брисел се сретна со комесарката за правда, правата на потрошувачите и родовата еднаквост при Европската унија, Вера Јурова.


Како што соопштуваат од владината прес служба на средбата Дескоска објаснила дека Македонија поминува низ процес на сериозни реформи во областа на судството и обвинителството и борбата против корупцијата.


“Започнавме скрининг и за нас е многу важно да покажеме опипливи резултати, затоа што знаеме дека Поглавјето 23 се отвора прво и затоа што немаме друга алтернатива освен ЕУ”, рече Дескоска.


Еврокомесарката Јурова, како што информираат од владата, за динамиката на спроведувањето на реформската агенда на Владата ја истакна подготвеноста на Европската комисија за поддршка на реформскиот процес. Дескоска, е дел од македонската делегација во Брисел, каде од вчера почна скринингот за Македонија и Албанија за подготовка на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Читайте на сайте