Меркел: Германија има интерес за економски стабилна Турција
Берлин и Анкара се партнери во многу сфери и поради тоа Германија се залага Турција да има стабилна економија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел ви германскиот главен град по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Германија има интерес за економски стабилна Турција“, нагласи Меркел додавајќи дека германскиот министер за економија и енергија Питер Алтмајер наскоро ќе ја посети Турција за да учествува во заедничката комисија за економска соработка.
Весникот „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на официјални претставници од Германија и ЕУ објави дека Германија не ја исклучува можноста да и обезбеди на Анкара широк пакет финансиска помош во координација со сите земји членки на ЕУ, или со ограничени земји насочени кон конкретни области.
Поради тензиите меѓу Вашингтон и Анкара турската лира загуби околу 40 проценти од својата вредност во однос на доларот.