Дваесет и четири лица починаа од алкохолно труење во Иран
Дваесет и четири лица починаа во неколку одделни инциденти во Иран, откако се отруле од домашно правен алкохол, јавуваат тамошните медиуми. Најголем број жртви има во јужниот пристанишен град Бандар Абас, каде што починале 16 луѓе, а 168 завршиле во болница. Осуммина од нив се во тешка состојба.
Шефот на полицијата во Бандар Абас соопшти дека е уапсен брачен пар, осомничен за производство на алкохолот, како и дека е уапсен и дистрибутерот.
Ширум земјата биле хоспитализирани 264 луѓе од алкохолно труење.
По исламската револуција во 1979 година, алкохолот е забранет во Иран, а престапниците добиваат парични казни. Сепак, многумина Иранци пијат странски и домашно правени алкохолни пијалаци, кои може да се најдат на црниот пазар. Во изминатите години имаше неколку случаи на смрт поради труење со алкохол. Во 2014 година во Иран беше отворен центар за лекување зависници од алкохол.