Цивил: референдумот беше релативно добро организиран
Референдумот во Македонија беше релативно добро организиран и помина во претежно мирна и демократска атмосфера, оценува организацијата ЦИВИЛ во денешното соопштение во кое е наведено дека овој изборениот процес бил исполнет со низа проблеми, недоследности, системски грешки и нерегуларности.
„Целиот процес во контекст на референдумот на површина исфрли низа проблеми кои со години се таложеле, а решенијата се одложувале или се ставале во фиока, што уште повеќе ја влоши ситуацијата во последните денови пред гласањето, како и на самиот ден на гласањето“, велат од ЦИВИЛ.
Оттаму посочуваат дека го набљудувале процесот долгорочно со над 30 набљудувачи, а со 307 акредитирани набљудувачи на денот на гласањето. Од ЦИВИЛ најавуваат дека наодите и препораките што произлегуваат од мониторингот ќе бидат објавени наскоро.